Кога Мајкл ја одвел својата сакана Ребека да гледаат филм во кино, таа немала никаква претстава дека романтичната вечер ќе стане уште поспецијална. Тој ѝ предложи брак пред целата публика со видео кое беше прикажано на големото филмско платно.
Имено, заљубениот маж ги замолил вработените во киното пред почетокот на филмот, да прикажат видео снимено на местото каде првпат ѝ кажал на Ребека дека ја сака, каде започнала нивната љубовна приказна. Веднаш по завршувањето на снимката, тој клекна на едно колено и ја побара за жена.