Почетна » Новости » Занимливости » 25-минутен предлог за брак: романтично или претерано?

25-минутен предлог за брак: романтично или претерано?

Кога Џастин Балдони одлучил да ја побара за жена својата девојка Емили Фокслер, сакал да направи нешто специјално, романтично и нешто што таа никогаш нема да го заборави.

Во долгото видео тој ја кани во кафулето во кое биле на првиот состанок, каде во романтична атмосфера таа на телевизор ги следи сите негови „неуспешни“ обиди за поставување на големото прашање – Џастин учествува во радио емисија, танцува и „пее“ во студио како дел од N’Sync и Boyz II Men, организира флешмоб со песна од Бруно Марс, глуми во филмски трејлер, гледа монтажа од домашни видеа и дури го посетува гробот на покојниот татко на својата избраничка... На крајот влегува во кафулето и пред најблиските ѝ предлага брак.

Додека некои сметаат дека е романтично што Џастин вложил толку многу во самиот предлог за брак, други се изјаснуваат дека е претерано, здодевно или лигаво.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19751 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.