Ана Радеска има потреба од нашата помош.
16-годишната девојка од Скопје живее со ретко медицинско нарушување (Arnold Chiari Q07), кое предизвикува сериозни здравствени компликации. Единствениот начин да се подобри нејзината состојба е итна операција на мозокот во специјализирана болница во Германија.
Процедурата вклучува краниоцервикална декомпресија и рехабилитација. Вкупните трошоци изнесуваат 37.000 евра, што ја опфаќа операцијата, престојот, лекувањето и транспортот. Семејството на Ана нема можност да ги покрие овие значителни средства и затоа замолуваат за поддршка.
„Нашата донација ќе направи огромна разлика! Секој ден е важен, затоа ве молиме да донирате и да ја споделите приказната на Ана со вашите пријатели и семејство. Заедно можеме да подариме нова надеж и живот каков што заслужува!“ - стои во апелот за помош на ECrowd.
ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ
Броеви за донации:
Телеком: 143 115
А1: 143 479
Трансакциска сметка:
200001580828877
Александра Радеска
Стопанска Банка АД Скопје
За донации од странство
IBAN: MK07200001578950084
SWIFT: STOBMK2X