Почетна » Новости » Занимливости » Колумбиец пее македонски песни со цел повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна нашата музика

Колумбиец пее македонски песни со цел повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна нашата музика

Колумбиец одушевува со изведбата на македонски песни.

Иако нема потекло од нашата земја, Јанко Пенафорт со својот бенд ги шири нашите песни со цел, како што вели тој, „повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна македонската музика“.

Јанко Пенафорт

Јанко се вљубил во Македонија за време на неговата прва посета во март 2022 година и уште тогаш ја засакал македонската музика.

„Моето име е Јанко. Јас сум професионален музичар од Богота, Колумбија. Немам никакви македонски корени. Оваа година поминав неколку месеци во Македонија и се заљубив во вашата земја и вашата музика. Македонската музика е симбол на храброста и борбата за слобода, но истовремено и прекрасна музика. Чест ми е да ја славам Македонија преку музика“ – пишува тој на својот Facebook профил „Колумбиец пее на македонски“.

Јанко Пенафорт Јанко Пенафорт Јанко Пенафорт

Јанко учи да зборува македонски јазик, а последната негова изведба ја најави токму на македонски јазик.

„Јас сум Колумбиец кој ја сака македонската музика. Со мојот бенд од Колумбија и Венецуела, песна за вас“ – вели тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21701 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.