Почетна » Новости » Занимливости » Ѝ предложил брак на девојката која ја спасил кога била прободена 32 пати со нож од бившиот

Ѝ предложил брак на девојката која ја спасил кога била прободена 32 пати со нож од бившиот

Кога Мелиса Дом била прободена 32 пати од поранешното момче, никој не верувал дека таа ќе преживее и дека ќе добие шанса да љуби повторно. Болничарот кој прв се нашол на местото на злосторството направил сè за да го спаси нејзиниот живот, не знаејќи дека 3 години подоцна таа ќе му стане свршеница. Пред неколку дена тој ја побарал Дом за жена, за време на бејзбол натпревар.

Мелиса и Роберт

Мелиса била жртва на жесток напад од нејзиното момче Роберт Бартон во јануари 2012 година и вистинско чудо било што преживеала. Младата девојка била избодена на лицето, вратот, главата и рацете и била прекриена во крв кога болничарот Камерон Хил пристигнал на местото. „Беше многу лошо. Не можеше да се препознае дека е русокоса... поради некаква причина, знаев дека тоа не е последен пат што ја гледам“ – изјавил тој подоцна.

Иако Хил не можел да ѝ го види лицето, ниту пак можел да познае дека таа има руса коса поради крвта, тој имал некое необично чувство дека повторно ќе ја види Мелиса.

По спасувањето, Мелиса четирипати била на работ на смртта, примила 12 кеси крв, преживеала мозочен удар и имала фрактури на черепот, носот и вилицата. Дел од нејзиното лице било парализирано како последица на повредите, но таа сè уште гледала оптимистички на животот. „Ако верувате дека има добро во светот, тогаш ќе го пронајдете“ – рекла таа во 2013 година.

И имала право. Кратко време по излегувањето од болница, Дом започнала да трага по лицата кои ѝ го спасиле животот. Така започнале средбите со Камерон.

Пред неколку дена, Мелиса била повикана да отвори бејзбол натпревар со фрлање на топката која ѝ ја донесол Камерон. На специјалната топка било испишано важното прашање „Дали ќе се омажиш за мене?“.

„Никогаш не сум била посреќна“ – напиша Мелиса на Facebook.

Мелиса и Роберт Мелиса и Роберт Мелиса и Роберт Мелиса и Роберт Мелиса ДомКолаж кој го следи закрепнувањето на Мелиса по нападот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.