Иако изгледаат како црно-бели фотографии, портретите кои ќе ги видите во продолжение не се дело на фотоапарат, туку на трпеливата и прецизна рака на Келвин Окафор.
27-годишниот Британец со различни нијанси на сивата боја создава портрети кои добија позитивни критики од многу експерти, особено поради нивниот реалистичен изглед.
Мајка Тереза, Ејми Вајнхаус, Бијонсе, Хит Леџер, Ријана, принцезата Дијана и Елизабет Тејлор се само дел од славните лица кои го инспирираа Келвин да го покаже својот талент.
Користејќи само дрвен молив, јаглен, а понекогаш и сиви креди, Келвин ја доловува секоја пора, брчка и препознатлива црта на лицата на неговите модели.
„Сакам моите цртежи да поттикнуваат емотивна реакција, гледачите да чувствуваат како да гледаат во реален жив субјект“ – изјавил тој.
На Келвин му се потребни 80-100 часа за да заврши еден портрет.