Живееме во свет кој постојано ни поставува стандарди за убавина, успех и совршенство... Кој дури и нѐ поттикнува да се вклопиме во туѓите очекувања. Но што би било ако секој од нас се запраша: Што ми е навистина важно, што ми предизвикува среќа, кој/а сум јас?
Познатата Цеце Николова на својот Instagram профил сподели инспиративно видео во кое таа вели дека животот е театарска претстава во која ти ја имаш главната улога. Таа ни го покажа нејзиното вистинско #скрозјас и со сигурност можеме да кажеме дека нѐ охрабри да ја покажеме нашата автентичност. Погледнете го видеото во продолжение.
Се прашувате што ја поттикна Цеце да ја сподели својата приказна? Новата кампања на dmќе ве одведе на едно инспиративно патување и ќе поттикне дискусија која ќе ве мотивира храбро да се покажете себеси во автентично светло, да ги игнорирате и надминете стигмите и да посегнете по она што прави да се чувствувате #скрозјас. Следете ги социјалните мрежи на dm за да погледнете уште повеќе инспиративни содржини!