Погледнете ја црвенокосата девојка со прекрасни зелени очи. Таа е дело на Семјуел Силва. Иако на прв поглед изгледа како сликата да е направена со помош на фотоапарат, таа е всушност нацртана и тоа само со пенкала во боја.
Португалецот, кој вели дека цртањето му е само хоби, со исклучително голема прецизност и фокусирање на деталите создава неверојатни слики кои изгледаат како фотографии.
За споредба, погледнете ја нацртаната слика (лево) со вистинската фотографија (десно), направена од руската фотографка Кристина Тараина. На Силва му биле потребни „само“ 30 часа за да ја нацрта убавата девојка.
Еве уште неколку дела на Силва: