На Јапонката Хина Аојама подајте ѝ лист хартија и ножички и бидете сигурни дека ќе создаде неверојатно деликатно дело кое ќе ве воодушеви.
Вооружена со многу трпение и стабилна рака, 32-годишната Јапонка која живее во Париз создава интересни детални исечоци од хартија. За да изработи едно фино дело, ѝ се потребни неколку недели, а понекогаш и месеци. Но, Хина тврди дека несекојдневниот талент ѝ помага да се ослободи од стресот и дека на секоја нова форма работи со огромно задоволство.
Погледнете на какво ниво Хина го има издигнато сечењето форми од хартија.