Ли Минг знае како оброците на своите деца да ги претвори во незаборавни доживувања. Креативната мајка од Сингапур постојано ги изненадува своите два сина со неодоливо декорирани јадења.
Минг првпат започнала да ја аранжира храната на својот повозрасен син пред три години, кога тој започнал да оди на училиште и му било тешко да се прилагоди. За да го расположи и охрабри, инвентивната мајка му ги декорирала ручеците за на училиште.
Цртани херои како Спајдермен, Сунѓерот Боб, Hello Kitty и Супер Марио често можат да се видат во кутиите со ручек на синовите на Минг, но исто така и на нивната домашна трпеза.
Популарноста на блогот на Минг (Bento Monsters) секојдневно расте, а таа наскоро планира да издаде книга со сите кулинарски креации кои досега мамеле насмевки кај нејзините најмили.