Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 4-годишно девојче создава креативни фустани од хартија со мајка си

ФОТО: 4-годишно девојче создава креативни фустани од хартија со мајка си

Мејхем е прекарот на 4-годишното девојче кое ја изненадило својата мајка Енџи со својата креативност и желбата за создавање на креации од најразлични материјали.

Во мај минатата година Енџи предложила да изработат заедно фустан од хартија, откако видела колку често Мејхем си врзува марами и листови хартија околу телото во свој стил. По првиот проект, малото девојче не сакало да се откаже од новото хоби, па по помалку од една година, нивната колекција брои околу 100 креации.

За изработка на фустаните, тие користат обична хартија, тоалетна хартија, салфети, украсна хартија за подароци, самолеплива хартија, списанија и сè што ќе пронајдат низ својот дом. Идеите за фустаните ги црпат од многу места – секојдневието, црвениот тепих и поретко од модните писти.

„Идеите се 50/50. Но, Мејхем прави повеќе отколку што повеќето луѓе би поверувале. Тоа е и убавото во овој проект, ја гледам како учи нови способности секој ден“ – изјавила Енџи во интервју за блогерката Илана од „Mommy Shorts“.

Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем

Еден од фустаните (фустанот со зелено, жолто и сино прикажан подолу) бил изработен целосно од Мејхем (#fashionbyMayhem), додека Енџи не била дома.

Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем Мејхем

Одлична идеја за мајките кои сакаат да поминат повеќе време со своите ќерки, забавувајќи се.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19924 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.