Најскапата када на светот не е направена ниту од злато, ниту од дијаманти, а сепак чини неверојатни 1,2 милиони евра. Скапата када, која е продадена на Меѓународниот саем за накит одржан во Дубаи, е изработена од полускапоцен камен познат по моќните терапевтски способности.

Кадата е прва од ваков тип и е наречена „Le Grand Queen“. Изработена е од редок полускапоцен лековит камен наречен Caijou, кој ги обединува карактеристиките на камен и дрво.
„Кадата од Caijou е уникатен, луксузен објект, изработен од еден од најцврстите камења со лековито дејство на светот“ – изјавил претставник на компанијата којашто ја создала луксузната када.