„Victoria’s Secret“ секоја година изненадува со прескап градник од фантазиите и очигледно нивните луксузни парчиња долна облека биле инспирација за компанијата „Birmingham Estate and Jewelry Buyer“ да создаде златен и дијамантски градник.
Градникот е изработен од 750 грама 18-каратно злато и е украсен со дијаманти од 501,5 карати. Дизајниран е од сопственикот на продавницата за накит, Антони Обри, кој го именувал градникот по својата жена Рита.
Само за дизајнирањето биле потребни 3 месеца, а самата изработка траела речиси цела година.
„Разликата помеѓу овој градник и градниците на Victoria’s Secret е што тие имаат ткаенина во нив, а дијамантите се вградени во материјалот. Кај овој градник, нема никаква ткаенина, само чисто злато“ – изјавил Обри.
Градникот е наменет за продажба, а богатите клиенти ќе треба да се разделат со еден милион долари ако сакаат да го поседуваат овој екстравагантен модел.