Преминувајќи ги сите граници на луксузот, британскиот дизајнер Стјуарт Хјуз го создаде најскапиот телевизор на светот. Ќе бидат произведени само 3 вакви телевизора, а можете да си купите еден по цена од 1,5 милиони евра.

Изработен од 28 килограми 18-каратно злато и обложен на рамката со 72 дијаманти од 1 карат, телевизорот е наречен PrestigeHD Supreme Rose. Внатрешната рамка му е направена од рачно обработена крокодилска кожа. Големината на екранот е 55 инча, а во златната рамка има уште стотици мали блескави камења и аметист.
Креаторот на „скапоцениот“ телевизор поседува своја работилницa и создава исклучително луксузни предмети за најбогатите.
„Моите дизајни се жестоки и се наменети за врвните купувачи на пазарот – пребогатите и оние кои имаат пари за расфрлување“ – изјавил Хјуз за лондонски Телеграф.
„Поевтината“ верзија на овој телевизор ќе чини 1,1 милиони евра и ќе биде изработена од 19 килограми злато и 48 дијаманти.
Еден од познатите клиенти што ги остава своите пари кај Хјуз е Стефано Габана, еден од основачите на Dolce&Gabbana.