Не мора да сте покрај море или океан за да уживате на тропска плажа. Вештачкиот тропски ресорт во Краусник, Германија, им нуди на посетителите вистинско рајско уживање.
Се верува дека ресортот го поседува најголемиот затворен базен во светот. На површина од 66.000m2 „Tropical Islands Resort“ може да угости до 8.000 посетители дневно.
Околу 50.000 растенија го разубавуваат просторот околу многуте објекти со луксузни соби за престој.
Со температура од 27°C, ресортот привлекува посетители и во студените месеци.