Дубаи е еден од водечките градови во светот кои имаат импресивна архитектура.
Најновиот облакодер „Address Beach Resort“, кој се состои од 77 ката, го сруши рекордот за Највисок бесконечен базен на отворено. Базенот се наоѓа на височина од 294 метри, на покривот од ресортот и зафаќа површина од 560 м2, што му дава изглед на огромно езеро на небото. Само за споредба, тој е голем речиси колку два олимписки базени.
Видео
Гостите можат да уживаат во погледот и додека се насладуваат на вкусната храна во ресторанот „Zeta Seventy Seven“, кој го добил името затоа што се наоѓа на 77-миот кат.