Стенли Колорајт со право се нарекува „мажот Барби“. 41-годишниот Американец поседува импресивна колекција од 2.000 Барби кукли кои ги чува во четири соби.
„Започнав со една кукла и мојата колекција започна да расте и расте“ – изјавил тој, дополнувајќи дека првата кукла ја купил во 1997 година.
Стенли сега купува по околу 20 од најпознатите кукли на светот месечно и троши по околу 30.000 долари годишно само за да ја зголемува неговата колекција. Најскапата барбика која ја поседува чини речиси 1.000 долари, а целата колекција се проценува на околу 80.000 долари. Освен кукли, Стенли поседува и околу 3.000 различни облеки за куклите, како и дополнителни Барби реквизити.
„Кога луѓето влегуваат во мојот музеј, вилицата им паѓа на земја и не знаат што да кажат. Барбиките заземаат четири соби од куќата, но нема да престанам да ја ширам колекцијата сè додека не ги наполнам сите соби“ – објаснил Стенли.
Во домот на љубителот на барбики има и голема колекција од 1.000 Кен кукли, кои се во сопственост на неговиот љубовен партнер, Денис Шликер.