Почетна » Новости » Занимливости » Барби ја претстави првата кукла со Даунов синдром

Барби ја претстави првата кукла со Даунов синдром

Веќе неколку години, компанијата Mattel се бори за инклузија на лицата со попреченост и за прифаќање на фактот дека убавината доаѓа во различни форми и големини.

Сега, брендот создаде Барби кукла со Даунов синдром, со цел да им овозможи на што повеќе деца да се пронајдат себеси во Барби и да поттикне чувство на прифатеност кај децата насекаде низ светот.

Барби

Новата кукла е со специфични црти на лицето и помали дланки, а вклучени се и неколку симболи кои асоцираат на лицата со екстра хромозом.

„Облечена во боите и симболите на заедницата, таа носи соодветни ортотици за глуждови и ланче со три шеврони што ги претставува трите копии од 21-от хромозом кои резултираат со карактеристики поврзани со Даунов синдром“ – пишуваат од компанијата.

Оваа кукла беше презентирана од Ели Голдстејн – 21-годишна девојка која стана модел и сега сè почесто ги краси страниците на реномирани списанија.

„Возбудена сум што сега има Барби кукли со Даунов синдром. Бев горда и полна со емоции кога ја видов куклата. Многу ми значи што децата ќе можат да си играат со куклата за да научат дека секој е различен. Горда сум што Барби ме избра мене да ги претставам куклите пред светот. Различноста е важна и луѓето треба да гледаат повеќе луѓе како мене во светот, а не да бидат скриени. Барби ќе помогне да се случи тоа“ – напиша Ели.

Барби Барби Барби Барби Барби Барби Барби Барби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20798 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.