Барби со облини?
Со години се нижеа критики за изгледот на куклата Барби, главно поради пропорциите на телото. Многумина тврдеа дека Барби им создава нереална претстава на девојчињата за тоа како треба да изгледа женското тело и бараа пореален изглед.
Речиси 57 години откако ја претстави популарната кукла, компанијата „Mattel“ реши да одговори на тие барања и претстави нови верзии на Барби со 3 нови форми на телото, 7 нови нијанси на кожата, 22 различни бои на очи, 30 нијанси на косата и 24 нови фризури.
Покрај оригиналната кукла, започна продажбата на „Барби со облини“, „висока Барби“ и „ниска Барби“. Целта е да се покаже дека убавината доаѓа во различни форми.
Списанието „Time“ ја стави „Барби со облини“ на насловната страница од февруарското издание.
Илјадници лица од целиот свет веднаш го поздравија ваквиот потег на компанијата.