Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно: Баба која растела во сиромаштија плаче кога ќе види дека Барби направи кукла по нејзината внука-докторка

Емотивно: Баба која растела во сиромаштија плаче кога ќе види дека Барби направи кукла по нејзината внука-докторка

Баба од Филипини, која растела во сиромаштија и продала сè за да се пресели во САД, не можеше да си ги сокрие солзите кога ја виде Барби куклата инспирирана од нејзината внука.

Докторката Одри Сју Круз го сподели видеото од емотивниот момент кога жената која ја порасна ќе ја види изложената кукла.

@dr.audreyxsue #Emotional My grandma (Mama) was raised on a rice field in the Philippines. She grew up in poverty and did not have the opportunity to complete high school. Mama worked incredibly hard as a small business owner to give her daughter and grandchildren a better life than she ever had. She later sold everything she had to move to the US where she got a job cleaning slot machines for a casino. Mama inspired me to reach for my dreams. I completed my engineering degree, received my medical degree, and fought on the front lines of the pandemic as a physician —- all while inspired and motivated by my grandma’s hard work and struggles. She didn’t get to see my @Barbie on display the first time because she was in the hospital. Showing her was one of the highlights of my entire life ------#fyp #gratitude #motivation #emotions #grandma #familylove #proudmama #filipino #inspirational #positivevibes #positiveenergy #proudpinay #barbieicon #Barbie #Mattel ♬ Better - Khalid

Баба ми порасна на оризово поле во Филипините. Растеше во сиромаштија и немаше можност да заврши средно образование. Баба работеше навистина напорно како сопственик на мал бизнис за да им даде на ќерка си и внуците подобар живот од оној што таа го имаше. Подоцна продаде сè и се пресели во САД каде чистеше машини во казино.

Баба ме инспирираше да ги следам моите соништа. Добив диплома за инженер, добив медицинска диплома и се борев во првите редови во пандемијата како доктор – сето тоа додека се инспирирав и мотивирав од напорната работа и тешкотиите на мојата баба. Се грижеше за мене во моите најтешки години од медицинското образование и ниту еднаш не побара нешто за возврат.

Не можеше да го види изложувањето на мојата барбика првиот пат затоа што беше во болница. Покажувањето пред неа беше еден од најважните моменти во целиот мој живот. Те сакам, Бабо!

Одри Круз стана инспирација за креирање на нова барбика кога бестрашно застана во првите редови во текот на пандемијата. Тогаш таа била нова мајка и само што се вратила на работното место по раѓањето на нејзиното синче, кое подоцна морала да го одведе да живее со нејзините родители за да го заштити од евентуално заразување со КОВИД.

Докторката од Лас Вегас доби своја Барби кукла како дел од колекцијата #ThankYouHeroes, која вклучуваше уште пет други медицински лица.

Одри Сју Круз Одри Сју Круз

„Се надевам дека ги претставувам малцинствата во Америка. Се надевам дека ги претставувам мајките кои работат и се обидуваат да балансираат меѓу кариерата и создавањето семејство. Се надевам дека ќе им покажам на сите млади жени дека можат да бидат СÈ што ќе посакаат.“

„Децата фантазираат дека можат да бидат сè што ќе посакаат, но разликата се прави кога ќе видат дека навистина го можат тоа и ќе слушнат приказни од реалниот живот на другите“ – напиша таа по добивањето на куклата.

Одри Сју Круз Одри Сју Круз Одри Сју Круз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20798 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.