Почетна » Новости » Занимливости » Телото на Барби vs. Телото на реална жена

Телото на Барби vs. Телото на реална жена

Ноемвриското издание на списанието „O“ (списанието на Опра) содржи интересна фотографија која покажува колку една прекрасна реална жена треба да се промени за да го достигне изгледот на популарната кукла Барби.

Испрекинатите линии на телото на моделот Кејти Халчисник покажуваат што сè треба да промени еден хирург за да ѝ ги даде пропорциите што ги има куклата Барби која Кејти ја држи во рацете.

Кејти Халчисник

До фотографијата стои статија на писателката Ејми Блум, која меѓу другото пишува: „Не можете да сте здрава личност, уште помалку да се надевате да имате здрави деца, ако воздивнувате и се жалите секогаш кога ќе се соочите со својот изглед, кога ќе изедете колаче или ќе видите модел на билборд кој бил дигитално поправен. Ако треба да глумите, глумете. Шетајте глумејќи дека сте жена која си го сака своето тело...“

Кејти е „plus size“ модел и соосновач на блогот Healthy is the New Skinny. „Најголема желба на сите тинејџерки е да се послаби. Тие мислат дека една девојка е убава ако е слаба со големи гради, совршена коса и совршена шминка“ – изјавила таа. Оваа фотографија Кејти ја користи за да укаже на тоа дека девојките не треба да живеат копнеејќи по совршено тело, туку да се трудат да го сакат она што го поседуваат.

Иако концептот дека телото на Барби не ги одразува мерките на реална жена не е нов, оваа фотографија го привлече вниманието на милиони луѓе низ цел свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20799 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.