ФОТО: Воодушевувачки фотографии кои изгледаат нереално
• Петок, 04 Септември 2015 18:33
Со оглед на тоа дека живееме во дигитална доба, секојдневно до нас допираат разни информации и фотографии, од кои голем дел не се реални. Секоја идеја за фотографија, колку и да изгледа невозможна, со помош на програми како Фотошоп може да се реализира.
Независно дали се должат на природни феномени, или настанале благодарение на уметничкото око на фотографите, следните слики за момент ќе го излажат вашето око и ќе ве натераат да се запрашате дали се вистинити или не. И да, тие се реални.
Брод кој изгледа како да лебди во воздух во Лампедуза, Италија
Ања Рубик во фустан од Victor&Rolf
Најголемото суво пронаоѓалиште на сол во светот во Салар де Ујуни, Боливија
Зграда во Париз, Франција
Дрворед во Шенбрун, Австрија
Исечени дрва кои се рефлектираат во вир
Изгорена бандера во Волгоградска област, Русија
Национален парк во Кина
Замрзнато езеро во Швајцарија
Дрвја по еколошка катастрофа во Западна Унгарија
Скулптура која изгледа како од цртан филм во Нов Зеланд
Лентикуларни облаци во Западен Јоркшир, Англија
Скулптура од книги во Мадрид, Шпанија
Соба во Марсеј, Франција
Куќа подигната од 300 балони, инспирирана од „Up“