Детската фантазија не познава граници, па затоа таа ѝ служи како инспирација на фотографката Ријанон Логсдон.
Змејови, самовили, диносауруси, ликови од волшебни бајки оживуваат низ фотографиите на талентираната Американка. Ријанон, која има две деца, го купила својот прв апарат откако ѝ се родило второто дете.
Пред секоја фотосесија со деца, таа прво ги прашува што е она што тие го сакаат и за што сонуваат, а потоа со помош на Фотошоп ги сместува нивните соништа во реалноста. „Децата растат и се менуваат многу брзо. Јас не сакам само да овековечам како тие изгледаат однадвор, туку и кои се тие во тој момент. Нивните омилени играчки, книги и соништа ја инспирираат секоја фотосесија. Од јавање на диносауруси до борба со змејови, наоѓањето инспирација во детската фотографија е лесно, само треба да слушаш“ – објаснува таа.