Суџата Сетија создава магични фотографии кои будат емоции и ја покажуваат љубовта и посветеноста на бабите и дедовците кон нивните внучиња.
Англиската артистка сподели дека била инспирирана да создаде ваков серијал затоа што немала фото-спомени со нејзините баба и дедо.
„Кога ќе се навратам на сите фотографии од моите семејни албуми, немам ниту една слика со моите баба и дедо. Имам слики со мајка ми, татко ми, брат ми... дури и со моето куче и уличната мачка која ја посвоивме, но сериозно немам со моите дедо и баба. А тоа се луѓето кои најмногу ги сакав... и сè уште ги сакам, иако одамна се заминати од овој свет. Па, се заколнав дека каде и да патувам низ светот, ќе фотографирам баби и дедовци или прабаби и прадедовци со нивните внучиња“ – вели таа.
Погледнете некои од нејзините фото-дела.