Почетна » Новости » Занимливости » Атласот на убавината: Портрети на жени од целиот свет

Атласот на убавината: Портрети на жени од целиот свет

Михаела Норок е создателка на проектот „Атласот на убавината“, кој е огледало на различните општества и инспирација за луѓето кои се трудат да останат автентични.

Младата фотографка патува низ светот и фотографира жени, обидувајќи се да ја долови нивната уникатна убавина и спецификите на нивната култура. 30-годишната Романка дала отказ и со заштедените пари посетила 37 земји низ светот.

„На ова патување, фотографирав стотици природни жени, опкружени со нивната култура. Мојот проект е наречен The Atlas of Beauty и со него сакам да ја покажам разновидноста на нашата планета преку портрети на жени“ – објаснува таа.

„Од Западна Европа до африканските племиња, од Рио де Жанеиро до Кина, на моите фотографии се обидувам да прикажам природни и разнообразни лица. Мое мислење е дека убавината значи да го одржиш во живот своето потекло и својата култура. Да бидеш природна, искрена, автентична, посебна, а не во мода или слаба. Можеби за 50 години сите жени од целиот свет ќе се облекуваат и однесуваат исто. Се надевам дека мојот проект ќе остане да сведочи за културите и традициите на мојата ера“ – пишува Михаела на својот сајт.

Убавината е насекаде, а фотографиите на Михаела се доказ за тоа.

МјанмарМјанмар ИранИран ФинскаФинска АмазонАмазон ЧилеЧиле КинаКина КолумбијаКолумбија КубаКуба САДСАД ЕтиопијаЕтиопија КолумбијаКолумбија РоманијаРоманија РусијаРусија Нов ЗеландНов Зеланд ПеруПеру ПеруПеру ЛатвијаЛатвија СингапурСингапур ИранИран АвстралијаАвстралија Велика БританијаВелика Британија САДСАД БразилБразил

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.