Истражувајќи ги длабочините на својата имагинација, Елена Визерскаја пронаоѓа инспирација за создавање на надреални фото-манипулации.
Дигиталната обработка на фотографиите ѝ помага на талентираната Унгарка да ги отвори вратите на еден поинаков свет, далеку од реалноста. Фотографиите ги отсликуваат нејзините емоции, соништа и фантазии.
„Сите мои фотографии ми доаѓаат во соништата, каде се чувствувам повеќе како дома, отколку во оваа реалност“ – изјавила Визерскаја.