„A Simple Favor“ е трилер кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Главните улоги им припаѓаат на Блејк Лајвли и Ана Кендрик.
Филмот ја следи приказната за Стефани (Ана Кендрик) и Емили (Блејк Лајвли) кои формираат пријателство поради нивните мали синови кои се соученици.
Стефани е скромна самохрана мајка, на која покрај грижата за детето главна преокупација ѝ е влогот каде објавува видеа за родители. Нејзиниот живот комплетно се менува откако ќе ја запознае Емили, која е смела, модерна и гламурозна дама, со која водат дијаметрално различни животи.
По кратко време, Емили мистериозно исчезнува, а Стефани неуморно се залага да помогне во пронаоѓањето на нејзината пријателка, што доведува до откривање на големи тајни.
Сплетки, интриги, предавства ... Овој тензичен трилер од режисерот и сценарист Пол Фиг несомнено ќе сакате да го следите будно до самиот крај.
Погледнете го трејлерот за „A Simple Favor“, кој има одличен саундтрак, а е базиран на истоимената книга од Дарси Бел.