Животот на легендарната Џуди Гарланд уште еднаш беше раскажан на големото филмско платно.
Филмот „Judy“ ги следи последните години од животот на холивудската икона, фокусирајќи се на нејзиниот брак со Мики Динс и серијата распродадени концерти кои ги одржа во Лондон во 1968 година.
На моменти, филмот се навраќа на нејзиното детство кога беше избрана да ја глуми Дороти во „The Wizard of Oz“ и жртвите кои таа морала да ги направи за да успее.
За маестралното портретирање на Џуди, Рене Зелвегер оваа година се закити со Оскар за Најдобра актерка. Зелвегер самата изведува дел од музичките нумери во филмот, одушевувајќи со своите вокални способности.
Гарланд почина на 47-годишна возраст.
Режисер на филмот е Руперт Гулд.