Кога ги промовира своите филмски дела, Блејк Лајвли огромен акцент става на стилските избори. За време на промотивната турнеја за „A Simple Favor“, популарната актерка го гради секој стајлинг околу елегантни одела ускладени со стилот на ликот Емили кој го има во филмот.
Модниот маратон во Њујорк таа го започна со кадифено издание од италијанскиот бренд Brunello Cucinelli.
Карираниот костум од францускиот дизајнер Ролан Муре, Блејк го искомбинира со чанта од Валентино и обувки од Кристијан Лобутин.
Bottega Veneta ги потпишува костумот со кратки панталони и чантата со кои Блејк беше фотографирана пред хотелот во којшто престојува во „Големото јаболко“.
Зелениот костум во дречлива нијанса е всушност дел од машката колекција на Versace. Истата комбинација беше прикажана на ревијата на модната куќа за сезоната пролет/лето 2019.
Оделото со риги е дел од модната понуда на брендот Zimmermann.