„Little Women“ или „Малите жени“ е извонредна приказна која ќе ве освои. За оние кои досега не го гледале, најновиот филм на Грета Гервиг е вистинскиот филмски избор за вечерва.
Ова филмско остварување, базирано на истоимената книга од авторката Луиза Меј Алкот, го следи животот на четири сестри Џо (Џозефин), Мег (Маргарет), Бет и Ејми Марч.
„Little Women“ во суштина е приказна за растењето на интелигентни, амбициони и креативни девојки во време кога општеството постојано ги потценува, факт на кој алудира и насловот на самата книга.
„Little Women“ беше номиниран во неколку категории за Оскар, меѓу кои и за Најдобар филм.
Улогите на сестрите ги толкуваат актерките Сирша Ронан, Флоренс Пју, Ема Вотсон и Елајза Сканлен, мајката на девојките ја глуми Лора Дерн, а во улогата на нивната тетка влегува Мерил Стрип. Главната машка улога му припаѓа на Тимоти Шаламе.
Ова е седма филмска адаптација на литературното дело на Алкот, кое се смета за еден од најважните американски женски романи. Ликот на Џо е базиран на вистинскиот живот на писателка на книгата.