„A Rainy Day in New York“ е најновиот филмски проект напишан и режиран од Вуди Ален.
Романтичната комедија, чија премиера беше минатата година, ја раскажува приказната за два млади студенти Ешли и Гетсби, чиј романтичен викенд во Њујорк нема да се оствари според планираното.
Неочекувани средби и непланирани авантури го исполнуваат нивното патување низ дождливиот Менхетн.
Тимоти Шаламе и Ел Фенинг ги играат главните улоги, а покрај нив во филмот глумат и Селена Гомез, Џуд Ло, Диего Луна и Лив Шрајбер.