„Bombshell“ ни дозволува да се доближеме до страшните искуства на бројни жени кои биле сексуално злоставувани од медиумскиот могул Роџер Ејлс.
Биографската драма ги следи храбрите жени кои му се спротивставија и го симнаа од „тронот“ поранешниот извршен директор на „Fox News“.
Трите главни женски ликови ги толкуваат Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби кои заслепени од амбициозноста и желбата за слава паѓаат во канџите на Ејлс.
Терон и Кидман ги потретираат американски новинарки Мегин Кели и Гречен Карлсон, кои го покренаа големиот скандал за сексуално вознемирување во „Fox News“, обвинувајќи го лично моќниот Ејлс, по што тој беше принуден да се повлече од својата позиција во 2016 година.
Ејлс постојано го наметнуваше својот став дека телевизијата е визуелен медиум и ги принудуваше своите вработени да носат кратки здолништа кои им ги отскриваат нозете.
Откако Гречен поднесе обвинение против Роџер, повеќе од 20 жени се осмелија да прозборат за нивните искуства со Ејлс.
Филмот е режиран од Џеј Роуч.