Пар од Бразил имаше непоканет гостин на венчавката, кој на крајот, стана дел од нивното семејство.
Имено, улично куче „упадна“ на свадбата на Тамирис Музини и Даглас Виера Роберт и не сакаше да ја напушти црквата додека не заврши целата церемонија.
Кучето радосно ги дочека младенците на прагот од црквата, со што инстантно ги освои нивните срца.
Тамирис и Даглас го вдомија кучето и го одведоа на ветеринар за да му ја излечат повредената нога.