Детската болница од Филаделфија не заборави да ги маскира своите најмали пациенти за Ноќта на вештерките.
Персоналот од Одделот за неонатална интензивна нега ги облече новороденчињата и бебињата сместени таму во неодоливи костими, а фотографиите ги објави на социјалните мрежи.
„Додека Халовин оваа година изгледа различно, фамилиите и персоналот од нашиот Оддел за неонатална интензивна нега повторно пронајдоа начин да се забавуваат. Со костими како сендвич или традиционалната тиква, не сме сигурни дека можеме да избереме победник – сите се преслатки“ – пишува во описот на неодоливиот албум.