Алесандра Амбросио беше домаќинка на Халовин забава.
41-годишната манекенка се маскираше во атрактивна вештерка. Нејзината маска се состоеше од боди-корсет со синџири, црна наметка, високи латекс чизми и лажни тетоважи.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret си стави и леќи за да го комплетира изгледот.
Амбросио позираше со својот партнер Ричард Ли.