Секоја година, љубителите на маскирањето со нетрпение го очекуваат Халовин за да можат да ја разбудат својата креативност.
Погледнете како се маскираа познатите личности оваа година за Ноќта на вештерките:
Адријана Лима
Убавиот ангел на Victoria’s Secret се маскираше заедно со двете слатки ќеркички Валентина и Сиена и нејзиното момче Метин Хара.
„Халовин е среќен празник кога го славам со моето семејство“ – напиша Лима во описот на фотографијата со девојчињата.
Бела Хадид и The Weeknd
Џесика Алба
Славната актерка се маскираше во еднорог, заедно со најголемата ќерка Хонор, додека нејзиниот сопруг со ќерката Хевен и синчето Хејнс се претворија во жирафи. „Прв Халовин како петчлено семејство“ – напиша таа.
Хајди Клум и Том Каулиц
Хајди и Том се претворија во Фиона и Шрек.
Софија Вергара
Софија Вергара со сопругот Џо Манганиело и синот Маноло.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
Славниот пар со синчето Сајлас се маскираа во ликови од „The Lego Batman Movie“. Џесика е Харли Квин, Џастин е Робин, додека Сајлас е Бетмен.
Криси Тиген и Џон Леџенд
Криси се маскираше во кралицата Елизабета, додека Џон во принцот Чарлс.
Бијонсе
Бијонсе прво се маскираше во легендарната Тони Брекстон, а потоа во Олимпијката Флоренс Грифит-Џојнер.
Кристијано Роналдо со семејството
Ријана
Алек Болдвин
Болдвин со семејството се маскираа во астронаути.
Нил Патрик Харис
Актерот од „How I Met Your Mother“ со сопругот и двете дечиња со страшни маски.
Сиара
Сиара како Накија од „Black Panter“.