Светот полека ја прифаќа новата нормала и се навикнува да живее со коронавирусот.
Додека многу ресторани, кафулиња и фирми пронајдоа добри начини за заштита, не се малку и оние кои на бизарни начини се обидуваат да го одржат препорачаното растојание помеѓу луѓето.
Ресторан во Мериленд ги принудува своите посетители да користат посебни маси со гуми. На влезот, секоја личност мора да си обезбеди своја маса.
Сопственикот на угостителскиот објект изјавил дека набавени се само 10 такви маси, за да се почитува и лимитот од 10 личности во еден ресторан истовремено.
An Ocean City restaurant has introduced one creative way it plans to ensure customers maintain social distance as coronavirus restrictions are eased in the Maryland resort town. https://t.co/FUp0NKUrr4 pic.twitter.com/BRPtNwlDrn
— ABC News (@ABC) May 18, 2020
Голем хит на социјалните мрежи се фотографии од свештеник кој со детско пиштолче ги прска со света вода верниците кои минуваат покрај него во автомобили.
Кафуле во Германија им дава на гостите смешни капи на кои се поставени сунѓери за пливање.
KEEP YOUR DISTANCE: A café in Germany has found a colorful way to enforce social distancing among patrons—by strapping pool noodles to hats. https://t.co/KVmXikGo9B pic.twitter.com/ZRzIIJStDp
— ABC News (@ABC) May 18, 2020
Сличен начин за одржување на растојание помеѓу учениците применува и училиште во Кина.
Ресторан во Сиднеј постави луѓе од картони на масите за просторот да изгледа исполнет и муштериите да не се чувствуваат чудно затоа што седат во празен ресторан.
Ваква тактика применува и ресторан во Тајланд, каде има поставено играчки панди на столовите на секоја маса.