Почетна » Новости » Занимливости » „Природен царски рез“: Мајка предизвика бура од реакции откако објави видео од породувањето

„Природен царски рез“: Мајка предизвика бура од реакции откако објави видео од породувањето

Мајка поттикна спротивставени коментари од интернет корисниците откако објави видео на кое се породува со нов метод наречен „природен царски рез“. Додека едни го нарекоа методот неверојатен, други сметаат дека оваа техника е сосема неприродна.

Во видеото, споделено од родилката Сара Сандерс, докторите прават рез на стомакот на трудницата како кај вообичаен царски рез, но од матката ја вадат само главата на бебето. Потоа, му дозволуваат самото да излезе од стомакот. Целта е тоа да се роди бавно и смирено и да има подолг контакт кожа на кожа со мајката. Потребни се до 4 минути за бебето да се роди на овој начин.

Предупредување! За некои лица видеото може да биде вознемирувачко.

„Сакав да го споделам ова видео за да покажам дека ако не сте во можност да родите „природно“, следната најдобра опција е „природен царски рез“. Во ова неверојатно видео мојот син сам се раѓа откако хирургот ќе му ја извади главата надвор“ – пишува Сара во описот.

Сара Сандерс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.