Дени Шиен го обожава „Аквамен“. Видео во кое момчето со ретка и агресивна форма на рак на мозокот добива играчка со ликот на омилениот суперхерој стана хит на социјалните мрежи.
„Боже! Мојот омилен! ГО ОБОЖАВАМ АКВАМЕН“ – вика Дени во видеото додека го отвора својот подарок.
Видео
Но, има нешто што уште повеќе го израдува 7-годишното момче од добивањето на омилената играчка. Дени имаше можност да се подружи со својот омилен суперхерој, чија улога ја толкува актерот Џејсон Момоа.
Преку видеоповик, болното момче разговараше со Момоа.
„Здраво, Аквамен“ – вели Дени.
„Здраво, убаво момче“ – му возвраќа Џејсон.
Дени му кажа на Џејсон дека обожава делфини и му ја покажа играчката која ја доби како подарок.
Видео
На Дени му била дијагностицирана ретка форма на тумор на мозокот на 4-годишна возраст, по тешки епизоди на повраќање и главоболки.