Џил Бајден откри како ќе изгледа Белата куќа во текот на празничната сезона.
Првата дама на САД ги покажа декорациите кои биле инспирирани од децата и детската радост за време на празниците. Темата е „Магија, чудо и радост“, а повеќе од 300 волонтери учествувале во нејзината реализација.
98 новогодишни елки, 140 илјади сијалички, 350 свеќи и речиси 34 илјади лампиони ја красат резиденцијата на Претседателот на САД, Џо Бајден.
„Празничната тема во Белата куќа во 2023 година е инспирирана од начинот на кој децата гледаат на сезоната на прослави: целосно се присутни во убавината и раскошот околу нив, со вклучени сетила и срца отворени за магијата, чудото и радоста на празниците“ – стои во соопштението на Бајден.