Почетна » Новости » Актуелно » Запознајте ја Џил Бајден, која неофицијално е новата Прва дама на САД

Запознајте ја Џил Бајден, која неофицијално е новата Прва дама на САД

Тесна битка и многу неизвесност. Резултатите од претседателските избори во САД не ги рефлектираа анкетите и прогнозите кои предвидуваа извесна разлика меѓу гласовите за кандидатите и поттикнаа пребројувања, спорења и обвинувања.

Неофицијално, Џо Бајден го победи Доналд Трамп и е на пат да стане 46-тиот претседател на САД, а со тоа, неговата сопруга Џил ќе ја наследи титулата Прва дама од Меланија.

Бајден Бајден

Д-р Џил Бајден е професорка по англиски јазик и авторка на три книги, од кои две се детски. Нејзината посветеност на едуцирањето јасно се гледа од фактот што таа не се откажа од работата ниту кога нејзиниот сопруг беше потпретседател на САД, а планира да продолжи дури и ако стане Прва дама.

„Ако дојдеме во Белата куќа, ќе продолжам да предавам. Важно е тоа и сакам луѓето да ги ценат учителите“ – вели таа.

Бајден

Пред да го сретне Џо на „состанок на слепо“, таа имаше еден неуспешен брак. Романсата на Џо и Џил се роди околу две години откако тој ги изгуби првата сопруга и едногодишната ќерка во сообраќајна несреќа во која за среќа, преживеаја неговите два сина Бо и Хантер.

Кога ја започнале врската, таа сè уште била студентка на колеџ и била одушевена од неговиот формален изглед и префинети манири. За првиот состанок таа вели: „Тој беше 9 години повозрасен од мене! Бевме да го гледаме 'A Man and a Woman' во кино во Филаделфија и се поврзавме. Кога се вративме дома... се ракувавме за добра ноќ. Се качив горе, ѝ се јавив на мајка ми во 1 часот по полноќ и ѝ реков: ‘Мамо, конечно запознав џентлмен’“.

Бајден

Џо ѝ предлагал брак 5 пати пред таа конечно да каже ДА. За одложувањето, Џил објаснува дека сакала да биде 100% сигурна дека бракот ќе успее, бидејќи не сакала неговите синови да изгубат и втора мајка. На интимната свадба во 1977 година присуствувале само 40 нивни најблиски роднини и пријатели. Четири години по венчавката, парот ја доби ќерката Ешли.

Иако никогаш не ги посвои законски, Џил ги гледа децата на Џо како свои. Додека тие растеле, таа направила пауза во кариерата, а потоа се вратила како учителка на ученици со потешкотии во учењето.

Бајден Бајден

Цели 13 години, предавала во државни средни училишта, пред да ја продолжи кариерата на колеџ. На 55-годишна возраст ја одбранила докторската дисертација „Student Retention at the Community College: Meeting Students' Needs“.

Додека Џо 8 години бил потпретседател на САД за време на мандатите на Барак Обама (2009-2017), г-ѓа Бајден била вклучена во многу иницијативи, од помагање на семејствата на воени лица до подигнување на свеста за ракот на дојка.

Бајден Бајден

Во 2015 година, нејзиното семејство било скршено од трагичната смрт на Бо Бајден од рак на мозокот. Во својата книга „Where the Light Enters“, за трагедијата таа пишува: „Дефинитвно сум скршена. Се чувствувам како кинески порцелан чии парчиња се повторно залепени. Пукнатините можеби се незабележливи, но тие се тука.“

Бајден Бајден Бајден

За време на кампањата за изборите 2020, Џил беше активен поддржувач на Џо и негов придружник на многу од политичките настани.

Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.