Белата куќа е трансформирана во божиќна идила. Првата дама на САД Џил Бајден со говор ги претстави празничните декорации во претседателскиот дом.
Овогодишната тема на украсувањето е „We The People“ (Ние луѓето), со што Претседателот и Првата дама на САД сакаат да им укажат на граѓаните дека тие се најважни.
Поставени се 77 новогодишни елки, над 80.000 сијалички, а вклучени се и огледални украси за посетителите да можат да се видат себеси во декорациите.
„За Првата дама е важно луѓето да се видат себеси во декорот“ – изјавуваат од кабинетот на Бајден.
Повеќе од 150 волонтери биле потребни за да се постави сè на вистинското место. Низ украсите, поставени се и рецепти за божиќни јадења напишани од волонтерите.
„Вредностите кои нè обединуваат можат да се најдат насекаде околу нас. Вербата во можноста, оптимизмот и единството. Соба по соба претставуваме што нè зближува за време на празниците“ – изјавила Џил.