Џо и Џил Бајден ги зазедоа своите места во Белата куќа. 78-годишниот претседател и 69-годишната прва дама на САД присуствуваа на утринска церемонија по повод инаугурацијата.
За оваа пригода, Џил избра елегантна креација од дизајнерот Брендон Максвел. Својот стајлинг, таа го надополни со бисерен гердан, бежови салонки и складна заштитна маска.