Џил Бајден откри како изгледа внатрешноста на Белата куќа пред празничната сезона. Првата дама на САД ги покажа новите декорации на тема „Подароци од срцето“.
„Инспирирани од добрите дела и искуствата кои ни го подигнуваа духот оваа година, декорираните соби во Белата куќа ги рефлектираат Подароците од Срцето кои нè обединуваат сите: вера, семејство, пријателство, уметностите, учење, природа, благодарност, служење, заедница, мир и единство“ – појаснува Бајден.
Околу 100 волонтери помагале во декорирањето на 41 елка и поставувањето на 25 венци, повеќе од 300 свеќи, 10.000 орнаменти и 78.750 сијалички.
На една од елките се поставени фотографии од семејствата кои живееле во Белата куќа.