Во Њујорк започна најволшебната сезона од годината.
Синоќа, беше осветлена огромната новогодишна елка во центарот „Рокфелер“ која го разбуди празничниот дух кај жителите и посетителите на Големото јаболко.
25-метарското дрво тешко 12 тона е декорирано со 50 илјади сијалички во различни бои. На врвот од елката стои ѕвезда тешка повеќе од 400 килограми, која има 70 краци и повеќе од 3 милиони сваровски кристали.
Водителка на настанот беше Кели Кларксон, а на сцената настапија голем број музички ѕвезди како Шер, Клои Бејли, Бари Манлоу и др.
The 2023 Rockefeller Center Christmas Tree is officially lit pic.twitter.com/QtXfw2Gfte
— Rockefeller Center (@rockcenternyc) November 30, 2023
@todayshow The holiday season has officially begun and the @Rockefeller Center Christmas tree is LIT! #HappyHolidays #ChristmasTreeLighting #TODAYShow ♬ original sound - TODAY Show