Сваровски елката и оваа година се издигна во центарот на галеријата „Виктор Емануел II“ во Милано.
Новогодишната елка висока 12 метри е декорирана со илјадници сијалички и големи украси кои наликуваат на слатки колачиња од ѓумбир. Тие се направени со стотици илјади кристали во различни бои.
Украсите во долниот дел ги доловуваат детските радости, а не е изоставена и скулптура од познатата Миланска катедрала (Дуомо).