Секој од нас на некаков начин може да придонесе за почиста животна средина, за намалување на отпадот и за подигнување на еколошката свест.
Британска компанија има одлична алтернатива на вештачките елки и елките кои се сечат секоја година за да им служат на луѓето само околу празниците. „Rental Claus“ изнајмува живи елки пред новогодишните празници, кои потоа повторно ги враќа во земјата.
Семејствата толку многу се приврзуваат за нивните дрвја, што секоја година го користат истото, па дури и му даваат име.
„Концептот е едноставен: Ја избирате потребната големина, избирате празнично име за вашето дрво, го наводнувате секој ден, имате неверојатен Божиќ, а потоа го враќате кај нас. Ние ви даваме уникатен код со кој можете да го имате истото дрво следниот Божиќ.“
„Погрешно е да се убие нешто што растело шест, седум или десет години за да уживате во него три недели и да го исфрлите“ – велат од компанијата.