Центарот „Рокфелер“ однесе празнична магија во Њујорк.
Елка висока 22 метри и тешка 12 тони, пред неколку дена беше осветлена со 50.000 сијалички и стана вистинска атракција во Големото јаболко.
На врвот на елката блеска џиновска ѕвезда од 3 милиони сваровски кристали.
Традицијата да се украсува новогодишна елка пред центарот датира уште од неговата изградба во 1933 година.
Вчера „падна“ и предлог за брак пред елката.