„Ако постои земја од бивша Југославија во која сум заљубен и која ме освои на толку многу начини, тоа е Македонија. Еве што треба да видите кога ќе дојдете во неа“ – пишува Роберт Дацешин во описот на своето видео за убавините на нашата земја.
Блогерот, кој постојано патува низ светот, ја започна својата авантура низ Македонија од Охрид, кој е познат и како „Балкански Ерусалим“ поради бројните цркви и манастири.
Не го заборави нашиот непреболен ангел, Тоше Проески, кого го нарече „чиста душа и голем човек“, па репортажата ја продолжи кон Скопје, Шар Планина, кањонот Матка и националните паркови Галичица, Пелистер и Маврово.
За љубителите на историјата, Роберт ја покажа Шарената џамија во Тетово, а топло ги препорача и Битола или „Градот на конзулите“, Кратово и Прилеп.
Винариите, македонските традиционални јадења и топлината на луѓето се меѓу работите кои исто така го одушевија Дацешин.
„Мртва трка е дали Македонците се подобри луѓе или кувари“ – вели тој.
@robert_dacesin Koliko dugo sam slušao o Ohridu ljudi mojiNe znam da li su mi više pričali o njemu ili sam maštao da ga posjetim. Imao sam i mali strah prije dolaska ovdje da budem iskren, jer sam ga u svojim očima toliko idealizirao, ali se na kraju ispostavilo da je on još ljepši nego sam sanjao. Na mom YouTube kanalu uskoro stiže dokumentarni video sa ovog mjesta, a ovdje vam ostavljam kraći video sa nekim od najljepših lokacija iz grada️
♬ original sound - Robert Dacešin
@robert_dacesin U proteklih sedam dana, imao sam priliku da po prvi put posjetim Sjevernu Makedoniju, svoju 93. državu do sada, ali i jednu od onih posebnih zemalja u koju se instant zaljubiš. Da budem iskren, nisam siguran šta mi se više dopalo ovdje, da li priroda, ljudi, hrana ili istorija, jer sve je tako autentično i zaista jedinstveno. Radio sam isto tako i četiri videa za YouTube koja uskoro stižu, a da ih je propustite, zapratite moj kanal https://youtube.com/@Robert.Dacesin Da li ste bili u ovoj zemlji do sada i kako vam se dopada?
♬ original sound - Robert Dacešin