Lonely Planet ги објави најновите препораки за патувања за следната година, а нашата држава се најде на третото место на листата „10 Најдобри држави за патување во 2020“.
Популарниот водич на патувања нè претставува како држава која неодамна доби ново име, а која е многу повеќе од гастрономска дестинација и земја богата со традиција и природни убавини.

„Веќе е позната по гастрономијата, древната традиција и природата, но ентузијастите за култура и авантуристите ќе најдат нови изговори за да ја посетат во 2020 година поради воведувањето на нови авионски линии до Охридското Езеро, кое е заштитено од УНЕСКО и неодамна лансираната High Scardus Trail, патека од 495 километри која ги поврзува најдраматичните планински врвови во регионот“ - пишува Lonely Planet.
Целосната листа:
1. Бутан

2. Англија

3. Северна Македонија

4. Аруба

5. Есватини

6. Костарика

7. Холандија

8. Либерија

9. Мароко

10. Уругвај
